Производите нарачани преку www.diblong.mk ќе бидат испорачани на целата територија на Република Северна Македонија преку партнер за достава на адресата која е наведена во нарачката од страна на купувачот.

Доставата на производите се врши во рок од 48 часови до вратата на купувачот или до централата на карго партнерот до наведената адреса за достава, наведена од страна на купувачот.

Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цената на нарачката и изнесуваат 130 денари до врата или 100 денари до централата на карго партнерот.

Диблонг се грижи за вашата приватност и затоа пратките на нашите производи се дискретно спакувани.

Пред испораката на производот/ите, купувачот може биде телефонски контактиран од страна на доставувачот на телефонскиот број оставен за контакт, за појаснување или помош за точната место за испорака, како и за дополнителни упатства. Точен телефонски број е задолжителен податок при правење на нарачка.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.

Во случај доставата на нарачката да не може да биде реализирана поради отсуство на лице кое може да ја прими истата на адресата наведена за достава, Дооел ДиблонгМК – Битола или партнерот за достава го задржува правото да го одреди терминот и да ја организира доставата на нарачката под свои услови, во следен разумен рок. Купувачот ќе биде известен за следниот термин за достава.

Покрај предвидените услови во делот ВИША СИЛА подолу, Дооел ДиблонгМК – Битола го задржува правото за проценка на условите за достава, како и за промена на термините за достава во случај на вонредни услови за достава. Под вонредни услови за достава кои не претставуваат услови на виша сила се следните:

• Екстремно лоши временски услови;

• Време за достава во теркот или непосредно пред/по Новогодишна вечер, Божик, Велигден и други државни и верски празници.