Користење

Дооел ДиблонгМК – Битола, ја поседува и ja менаџира веб страницата diblong.mk и неговите мобилни апликации и верзии. Со употреба на оваа веб страница и нејзините услуги Вие се согласувате со Условите за користење (дефинирани подолу) и нашата Политика за заштита на лични податоци и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите за користење за да сте во тек доколку истите меѓувремено бидат променети.

Услови

Испорачателот на производите е Дооел ДиблонгМК – Битола кој преку својата интернет продавница овозможува купување на голем асортиман на производи кои се наоѓаат во неговата понуда.

Купувач се смета секое правно и физичко лице кое преку електронски пат ќе нарача и плати производи.

Сите цени се изразени во македонската национална валута (ден) со вклучено ДДВ.

Содржината на diblong.mk интернет продавницата е заштитена и Дооел ДиблонгМК – Битола го има единственото право за нејзино користење. За секое комерцијално користење на содржината на diblong.mk мора предходно да добиете одобрение од наша страна.

Нарачување

Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот успешно ќе изврши плаќање. Диблонг се обврзува да ги испорача сите производи во избраниот термин од купувачот.

Доколку Диблонг нѐ е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail и по договор со купувачот да го замени производот со друг.Цените на производите важат на денот на нарачката.

За да се регистрирате на нашата интернет страна треба да го потполните формуларот даден на diblong.mk

Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата. Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата должни сте да го ажурирате вашиот профил како би не информирале за настанатите промени. Адресата што ќе ја внесете при регистрација, важи за адреса на испорака доколку не направите измени при чекорите за нарачка.

Гаранција за квалитет

Задоволување на барањата на купувачите: Бидејки купувачот за нас е секогаш во предност во поглед на своите барања во врска со обезбедување на квалитетен производ и услуга, одржуван според законските барања во земјава, се трудиме да стекнеме се поголема доверба кај нашите купувачи. За таа цел, постојано се прилагодуваме кон нивните барања при тоа задоволувајќи ги нивните желби.

Воспоставуваме континуиран партнерски однос со добавувачите и на тој начин ја  зголемуваме довербата и ја продолжуваме соработката, при што наоѓаме заедничко решение на сите потенцијални проблеми.

Лични податоци и безбедност при плаќање

Диблонг ќе ги користи личните податоци на купувачот во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни и регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Диблонг нема да сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни. Диблонг ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да се спречи кражба или злоупотреба, како и неавторизиран пристап.

Диблонг нѐ одговара за веродостојноста и целосноста на имињата и описите на производите како и за нивните слики.

Кога го користите Диблонг или комуницирате преку e-mail со нас се согласувате дека сите спогодби кои се пренесени преку електронски пат ги задоволуваат правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.

Корисникот се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Дооел ДиблонгМК – Битола, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за оштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.

Диблонг нема да се смета за одговорен за функционирањето на сајтот во согласност со овие Услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, ембарго или карантин, штајкови, грешка или прекин на компјутерски храдвер, мрежи или софтвер или друго.

Диблонг го задржува правото на измена на овие услови и правила без претходна најава. Сите промени се применуваат при вашето користење diblong.mk интернет продавницата. Доколку нѐ се сложувате со наведените правила на користење или нѐ ви се јасни Ве молиме да не контактирате.

За тоа време Ве молиме да нѐ ги користите услугите на нашата интернет продавница.

За сите дополнителни информации, предлози и можни забелешки, Ве молиме контактирајте нѐ на телефон: +389 75 407 590 или на [email protected].